Отворено писмо до премиерот Заев: Болните од цистична фиброза бараат лекови

21.11.2017 13:12

Здружението смета дека треба повеќе пари од буџетот да се одвојуваат за ретките болести, да се подобрат стандардите во Центарот за цистична фиброза и да се воведе регистар на болни.

Здружението за цистична фиброза испрати писмо до премиерот Заев. Побара да се зголеми бројот на лековите и постојано да се набавуваат.

Здружението смета дека треба повеќе пари од буџетот да се одвојуваат за ретките болести, да се подобрат стандардите во Центарот за цистична фиброза и да се воведе регистар на болни.

Без него, не може да се направи точна проценка колку лекови се потребни, кои пациенти треба да ги примат и недостигаат соодветни научни истражувања- велат од Здружението за цистична фиброза.