Заев- Вучиќ: Македонија и Србија имаат заеднички интереси

21.11.2017 14:22

На средбата, како што соопшти владината прес- служба, било истакнато традиционално доброто пријателство и соработка меѓу двете земји, како исклучителен потенцијал за продлабочување на овие релации, пред кои претстојат извонредни можности за повеќе нови иницијативи во повеќе области, со меѓусебна почит во однос на сопствените стратешки интереси.

Република Македонија и Република Србија имаат многу заеднички интереси како што се евроинтеграциите, најавени се повеќе иницијативи што ќе ја продлабочат соработката и пријателството меѓу двете соседни земји. Премиерот Заев во рамките на официјалната посета на Србија, денеска се сретна и со претседателот на државата, Александар Вучиќ.

На средбата, како што соопшти владината прес- служба, било истакнато традиционално доброто пријателство и соработка меѓу двете земји, како исклучителен потенцијал за продлабочување на овие релации, пред кои претстојат извонредни можности за повеќе нови иницијативи во повеќе области, со меѓусебна почит во однос на сопствените стратешки интереси.

Од особен интерес е соработката и на безбедносните прашања, економската и социјална благосостојба на граѓаните на двете земји, како и регионалните иницијативи за кои и од Република Македонија и од Република Србија има особено голем интерес.

Отворени се многу проекти за соработка за време на оваа средба за кои ќе следуваат конкретни подготовки и динамика која ќе биде потврдена на најавената заедничка владина седница која ќе се одржи наскоро, соопштуваат од владината прес- служба.

Потврдени се идеите за соработка на планот на дигиталазицаијата, старт-ап иницијативите и иновативните технологии, и за заеднички настапи на стопанствениците од двете страни на трети пазари.