Преку обуки до намалување на смртноста кај прерано родените бебиња
Надеж за најмалите пацинети е проект што треба да ја намали смртноста кај предвремено родените бебиња. Професори од Амстердам ќе ги споделуваат искуствата со 250 домашни лекари од оваа струка...

Намалување на смртноста кај прерано родените бебиња во Македонија е цел на обуките на повеќе од 250 гинеколози, акушери, педијатри, неонатолози и интензивисти како и медицински сестри.
Професори од Амстердам ги едуцираат за најновите методи за клиничка дијагностика како и пред и постнатална грижа. Основна цел на проектот е зголемување на стапката на преживување кај предвреме родените бебиња воземјава, во одредени тежински групи и до 30 %.
Една од целите на проектот е да се овозможи на медицинскиот кадар во болниците да третираат специфични патологии и состојби на високоризични бремености, како и прематурни и ризично родени новороденчиња што поефикасно.
ПериМак проектот е почнат минатата година.
Наташа Јанчиќ
