Фудбал – Лига на шампиони

Осминафинални пресметки за фудбалските мераклии

18.02.2014 14:27

Нема неинтересни и однапред решени осминафинално дуели во фудбалската Лига на шампионите. Поради големиот интерес и телевизиската гледаност, последните неколку сезони УЕФА натпреварите од првата нокаут фаза ги распределува во неколку термини.

Нема неинтересни и однапред решени осминафинално дуели во фудбалската Лига на шампионите. Поради големиот интерес и телевизиската гледаност, последните неколку сезони УЕФА натпреварите од првата нокаут фаза ги распределува во неколку термини.

Првиот, вечерва ја нуди пресметакта на најефикасните екипи сезонава, Манчестер Сити против Барселона, „граѓаните“ досега постигнаа 113, каталонците 107 голови. Ова ќе биде прв меѓусебен официјален меч, во шесте пријателски имаат по три победи. Манчестер Сити е дебитант во нокаут рундата, за разлика од Барса којашто последен пат била елиминирана во осминафиналето пред седум години и тоа од премиерлигашка екипа, Ливерпул.

Најголем проблем за Манчестер сити е неиграњето на Агуеро кој е прв стрелец на екипата со 26 гола во 25 натпревари, а добра вест е враќањето на Насри и на Фернандињо. Французинот ќе го замени Навас на десната страна, во нападот ќе играат Џеко и Јоветиќ, па Негредо ќе остане на клупата. Во одбраната повторно покрај Компани место ќе има и за Демикелис затоа што Настасиќ се уште не е доволно опоравен. „Граѓаните“ во последните 23 европски домашни натпревари имаат само еден пораз и тоа лани од Баерн Минхен, а и Барселона не ги сака гостувањата во Англија бидејќи нема триумф седум години или вкупно победуваше само шестпати на 28 дуели. По едномесечната пауза Наимар е подготвен да биде во стартниот тим. Единствено нејасно е дали во дефанзивната четворка ќе почне Маскерано или Пујол. Од статистиката и за лошата традиција на менаџерот на Манчестер Сити, Пелегрини кој како предводник на Вилјареал, Малага и на Реал Мадрид е во црна низа од 12 меча без победа во дуелите со Барселона против којашто има само четири триумфи во 22 меча, сите со „жолтата подморница“.

Првпат во Европа ќе се соочат и Баер Леверкузен и Пари Сен Жермен. Французите се фаворите од неколку причини. ПСЖ е во одлична форма и по зимската пауза има само еден пораз во десет меча и на гостувањето на БајАрена оди со ссмо еден хендикеп, отсуството на повредениот Кавани. Сепак, тренерот Блан има голем избор , па во тимот ќе се врати Лавеци, а на меѓународна сцена ќе дебитира засилувањето од Њукасл, Кабај. Главната ѕвезда на Пари Сен Жермен пак, Ибрахимовиќ со осум гола е втор стрелец во елитното натпреварување, Кристијано Роналдо има девет.

Баер Леверкузен неочекувано лошо ја почна 2014-та, па по гостинската победа против Борусија Манхенгладбах, загуби два меча на домашен терен, во германскиот куп од второлигашот Кајзерслаутерн, а во Бундеслигата во дербито против Шалке. Сепак, тренерот на „фармацевтите“ Хипија смета дека неговата екипа играла солидно против Шалке и дека доколку го достигне својот лимит ќе го намачи гостинот од Франција. Емре Чан е суспендиран, но на наеговата позиција во средината без проблеми можат да одиграат Ролфес или Бендер. Неисвесен е настапот на дефанзивците Реинарц и Спахиќ, одамна се повредени Дердиок и Крусе, па во нападот на Кислинг ќе му се придружи Сам, додека Сон ќе биде зад нивниот грб како офанзивна поддршка.

Осминафинале:

Вечерва:

Манчестер Сити – Барселона

Баер Леверкузен – ПСЖ

Утре:

Арсенал – Баерн Минхен     МРТ1 20.45

Милан – Атлетико Мадрид

25 февруари

Зенит – Борусија Дортмунд

Олимпијакос – Манчестер Јунајтед

26 февруари

Галатасарај – Челзи

Шалке – Реал Мадрид