Три компании заинтересирани за „Фени“
21.11.2017 15:29
Станува збор за компании што го познаваат пазарот со метали и имаат финансиска моќ да ги сервисираат обврските за да вложат во рестартирање на производството.

Три европски компании се заинтересирани за преземање на комбинатот „Фени“, соопштија од Комерцијална банка, Стопанска банка- Скопје и Силк Роуд банка. Станува збор за компании што го познаваат пазарот со метали и имаат финансиска моќ да ги сервисираат обврските за да вложат во рестартирање на производството.
Доколку досегашните газди на „Фени“ не попречат и ја продолжат стечајната постапка, трите банки очекуваат за 20-тина дена потенцијалниот инвеститор да достави понуда за преземање на „Фени“.
Од утре до 29-ти ноември банкарите најавија посети на потенцијалните инвеститори.
