Метео: Утринската под нулата, девната температура до 16 степени

21.11.2017 15:53

Во наредните денови се очекува затоплување на времето...

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура на повеќе места повторно ќе падне под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови се очекува затоплување на времето.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска