Илир Мета го посети Музејот на албанската азбука во Битола
Претседателот на Албанија, Илир Мета ја продолжи посетата на Македонија. Беше во Битола. Го посети Музејот на албанската азбука...

Задоволство ми е што се наоѓам на ова свето место за Албанците без разлика каде живеат. Да го почувствувам духот на облејктот во кој пред 109 години нашите најумни и најхрабри патриоти на повеќедневниот конгрес го направија унифицирањето на албанската азбука, порача албанскиот председател Илир Мета, притоа нагласувајќи дека живееме во ера кога меѓуетничките односи во Македонија се на завидно ниво, а исто така одлични се и односите помеѓу двете држави.
„Битолскиот конгрес е голем настан кој го продуцираше следниот важен момент независноста на Албанија. Посебно ми е мило што гледам дека македонските власти покажуваат голем интерес за одржување на објектот и за сите идни санациско-реставраторски зафати и ние ќе го дадеме нашиот придонес, и ќе бидеме во постојан контакт“, рече албанскиот претседател Илир Мета.
„Каде и да се наоѓате на било која нација да припаѓате, секогаш за човештвото најважна е комуникацијата, соработката и градњето на довербата помеѓу народите, а ова е всушност е еден од примерите од кој треба да се учи“, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Богатата историја на Битола вели дека уште за време на кралска Југославија тука имало Албански конзулат. Денеска нова иницијатива за обновување на ваквите односи доставена лично до преседателот на Албанија.
„Иста ваква иницијатива поднесовме пред десет години кај предходниот албански претседател, но резултати немаше. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе вроди со плод и конзулска Битола ќе го има набргу и нашиот почесен конзулат“, вели претседателот на здружението „Конгреси Башкими“, Фергим Демири.
Високиот гостин од Албанија со својот домаќин, градоначалничката Наташа Петровска разговараа и за продлабочување на меѓуопштинските соработки, преку основање на зеднички програми. Својата посета на Битола албанскиот претседател ја заокружи со учеството на научната конференција посветена на случувањата на Конгресот и унифицирањето на албанската азбука.
Стевче Митревски
