Одложена амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците
Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби е на службено патување во Брисел. Одложувањето не го поврзува со вчерашниот став на еврокомесарот Хан дека Законот за употреба на јазиците не е приоритет на ЕУ агендата. Инаку, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 84, СДСМ четири, а БЕСА- два амандмана.

Одложена седницата на Комисијата за европски прашања, на која требаше да се разгледуваат амандманите на Предлог- законот за употреба на јазиците. Претседателот Артан Груби бил на службено патување во Брисел.
Одложувањето не го поврзува со вчерашниот став на еврокомесарот Хан дека Законот за употреба на јазиците не е приоритет на ЕУ агендата. Инаку, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 84, СДСМ четири, а БЕСА- два амандмана.
Од опозициската партија велат дека ќе се интервенира таму каде што сметаат дека се загрозува македонскиот јазик. Од СДСМ тврдат дека амандманите се заради расчистување на дилемите за законските казни, а БЕСА пак бара службена употреба, а не само унапредување на албанскиот јазик во Македонија.
Пратеничката група на ДУИ не поднесе амандмани, бидејќи забелешките ги доставиле до Венециската комисија. Предлог-законот е со европско знаменце, расправата трае три дена. Потоа повторно се враќа на пленарна, по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.
Од СДСМ велат дека со Законот се унапредуваат правата и на условно помалите етнички заедници. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на јавна дебата за Законот за употреба на јазиците. Бараат да се тргне европското знаменце од предлог- текстот.
Шаторите што вчера попладне пред Собранието ги постави здружението „Семакедонски Национален совет“ по неколку часа беа отстранети. Претходно, од здружението порачаа дека нема да си заминат оттаму сè додека не се повлече Предлог-законот за употреба на јазиците.
