Формула 1

По два дена за Фетел и Рикардо

18.02.2014 14:58

Шампионскиот тим на ред Бул го потврди  распоредот на возачите за вториот предсезонски тест во бахреи. Првите два дена болидот ќе го тестита актуелниот шампион Себастијан Фетел, а потоа иста шанса ќе добие Даниел Рикардо.

Од Ред Бул се надеваат дека се надминати проблемите со кои се соочуваа во Херез, иако главниот дизајнер Адриан Њуи за проблемите не го обвинува само производителот на агрегати Рено. Според Њуи ниту новиот болид не бил најдобро дизајниран па оттука сериозните проблеми со ладењето, односно пожарот што постојано избивал на задниот дел.

И додека во Рено работеле на подобрување на перфомансите на моторот, конструкторите на болидот главно го решавале проблемот со издувните гасови и со големите побарувања на новиот агрегат за ладење, според проценките В6 моторот има потреба од 50 насто поголемо ладење од минатосезонскиот В8 агрегат. И покрај се во Ред Бул се надеваат на подобри тестови во бахреин отколку скромните 31 круг што ги минаа за 4 дена во Херез.