Апелационен суд

Два прислушувани разговора ќе бидат доказ во „Титаник 2“

22.11.2017 11:55

Според обвинението на СЈО, се работи за разговори кадешто се слуша како се договара гласање по однос на приговорите на изборите во Државната изборна комисија.

Два прислушувани разговора, од кои едниот необјавен, ќе можат да се користат како доказ во судската постапка за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи скопска Апелација.

Според обвинението на СЈО, се работи за разговори кадешто се слуша како се договара гласање по однос на приговорите на изборите во Државната изборна комисија.

Во „Титаник 2“ обвинети се екс директорот на УБК, лидер на политичка партија, поранешни и еден актуелен член на ДИК и пет судии во Управниот суд.

На вчерашната јавна седница не присуствуваа обвинетите и нивните адвокати.