СЈО: Прва правосилна пресуда за предметот „Таргет - Тврдина“
Условна казна од шест месеци доби еден од обвинетите во предметот „Таргет- Тврдина“, кој во постапката самоиницијативно ја признал вина. СЈО соопшти дека во овој предмет е раздвоена кривичната постапка за осуденото лице, чиј идентитет не се соопштува. Пресудата е донесена на 17-ти ноември.

Прва правосилна пресуда за предмет што го води Специјалното јавно обвинителство. Условна казна од шест месеци доби еден од обвинетите во предметот „Таргет- Тврдина“, кој во постапката самоиницијативно ја признал вина.
СЈО соопшти дека во овој предмет е раздвоена кривичната постапка за осуденото лице, чиј идентитет не се соопштува. Пресудата е донесена на 17-ти ноември.
Предлогот за раздвојување беше истакнат од обвинителството, при што во предвид се имал интересот на обвинетото лице за побрзо завршување на постапката, како и економичноста и целисходноста на постапката, наведуваат од СЈО.
Во споениот предмет „Таргет- Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи, екс- директорот на УБК, Сашо Мијалков и неговиот шеф на кабинет.
