Државата да не се меша во работата на медиумите
Казните за медиумите и новинарите за кажан збор треба да се избришат за да не се продлабочува цензурата во земјава- став по направената анализа на Институтот за општествени и хуманистички науки и Здружението на новинари. Со измените во Законот за медиуми да се избришат казните, а јавниот сервис неопходно е да има стабилно финансирање, рекоа говорниците...

Во Македонија постои прекумерна регулација во приватните медиуми, властите не треба да се мешаат во програмската шема и уредувачката политика- анализа на Институтот за хуманистички науки и Здружението на новинари. Според нив, високите казни кои се пропишуваат за кажан збор има застрашувачки ефект и ќе ја зголеми цензурата кај новинарите.
„Ако досега заклучокот беше дека законот, индиректно преку техничките детали ја афектира програмската слобода и слободата на уредниците, сега со членот за вистина, директно ќе влезе во контрола на програмата и во цензура. Значи, добиваме уште подлабота илиберална демократија и заробеност“, изјави Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки.
Во однос на новиот Закон за медиуми со кој се опфаќа и јавниот сервис, првиот човек на ЗНМ, Селмани констатира дека целосна независност ќе се постигне преку стабилните финансии. Вели дека 0,7 проценти од буџетот се недоволни за нормално фунционирање.
„Имајте предвид дека минатата година МТВ имаше 19 милиони евра, а оваа Влада, која зборува дека сака да ги зајакне капацитетите на МТВ предвидува пет милиони евра помалку, што е навистина малку чудно“, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Новиот Закон за медиуми е на јавен увид.
Миле Ристески
