Медицински сестри со три месеци курс- деградирана професија
Деградирана професија, без соодветно образование медицински сестри, реакција од здруженијата. Во болниците недостигаат и акушерки. Зголемувањето на платите за пет насто не ги решава проблемите на медицинскиот персонал, велат од Здружението на медицински и стоматолошки сестри, акушерки и техничари...

Со тримесечен курс стануваат медицински сестри. Професијата е деградирана, регираат од здруженијата. Велат, сите медицински сестри завршиле континуирани медицински училишта. Според нив, новиот образовен процес донесе нивно дошколување во високо-образовни установи без средно медицинско образование. Проблем е и што во болниците недостигаат акушерки.
Со години наназад не можеле да се изборат за своите права и должности, затоа Здружението на медицински сестри, стоматолошки сестри, техничари и акушерки „За нас“ и Унијата на здруженија, бараат Закон за сестринство. Велат, немаат валидни претставници во институциите, тоа ќе го постигнат преку Комората на здравствени работници, која сакаат да ја основаат.
Заголемување на платите за пет проценти, велат не е малку, но тоа не ги решава проблемите со кои се соочуваат. Во Македонија има околу 10.000 медицински сестри, акушерки.
Наташа Јанчиќ
