ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазици е целосно неуставен
Еврокомесарот Јоханес Хан, при неговата посета на државата јасно и децидно кажа дека законот за двојазичност не е еден од приоритети потребни за интеграцијата во ЕУ, реагира Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС го злоупотреби европското знаменце и ги излажа македонските граѓани. Ги злоупотреби евроинтегративните процеси за реализирање на обврските преземени од Тиранската платформа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека Законот за двојазичност е целосно неуставен.
Владата треба да сноси одговорност за ова манипулација со граѓаните. Еврокомесарот Јоханес Хан, при неговата посета на државата јасно и децидно кажа дека законот за двојазичност не е еден од приоритети потребни за интеграцијата во ЕУ, реагира Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Костовски потенцира дека СДС се обидуваа крајно манипулативно да ги излажат граѓаните под превезот на закон потребен за европската интеграција на државата да донесат неуставен закон
