Рочишта за „Труст“ и „Сопот“ во Кривичен суд
Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“...

Рочишта за предметите „Труст“ и „Сопот“ денеска треба да се одржат во скопскиот Кривичен суд.
Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.
На минатото рочиште беше сослушан сведок на обвинителството. Според СЈО доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, приближно 1.060.000.000 денари, односно 17 милиони евра.
Предметот „Сопот“ е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.
„Сопот“ е повторно отворен годинава откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот на СЈО, затоа што во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.
