Пратенички прашања утре во Собранието

23.11.2017 10:41

Премиерот Зоран Заев и министрите првпат по формирање на новата Влада ќе одговараат на прашањата на пратениците.

Собранието на Република Македонија утре ќе ја одржи 23-тата седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања. Премиерот Зоран Заев и министрите првпат по формирање на новата Влада ќе одговараат на прашањата на пратениците.

Седницата за поставување пратенички прашања Парламентот започнува да ја одржува по 100 дена од формирањето на Владата, но поради локалните избори таа беше одложена. Седницата, според Деловникот, се одржува секој последен четврток во месецот, но овојпат е поместена за петок имајќи ја предвид денешната заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Струмица.

На седницата задолжително присуствуваат претседателот и членовите на Владата и други носители на јавни функции за кои е најавено дека ќе им се постави прашање.

Претседателот на Собранието, Џафери за утре ги закажа продолженијата на 8-та седница на која треба да се расправа за заменици на генераланиот секретар и на 12-тата седница на која се останати два закони на опозицијата.