Русија со контрамерки поради заканата од „Гугл“
23.11.2017 11:49
Американските разузнавачи утврдиле дека овие медиуми ширеле дезинформации и објавувале негативни текстови за демократската кандидатка Хилари Клинтон...

Русија се закани со контрамерки поради акцијата на компанијата „Алфабет“, компанија- мајка на „Гугл“, која најави дека со посебни алгоритми ќе го оневозможува пристапот со „Спутник“ и „Раша Тудеј“ поради ширење на пропаганда.
Американските разузнавачи утврдиле дека овие медиуми ширеле дезинформации и објавувале негативни текстови за демократската кандидатка Хилари Клинтон во кампањата за претседателските избори во САД во 2016-та година.
