УХМР

Од недела дожд и снег и пад на температурите

23.11.2017 11:55

Од попладневните часови в недела се очекуваат врнежи од дожд и снег кои треба да продолжат в понеделник. Ќе преовладува ниска температура поради засилениот северен ветер.

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла особено во претпладневните часови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

В недела попладне најпрвин во западните  делови ќе има врнежи од дожд, а на планините снег.  Во текот на ноќта кон понеделник врнежите  ќе преминат во снег и на некои повисоки места.

Врнежи од дожд и снег ќе има и в понеделник претпладне, а преку денот ќе дува засилен северен ветар кој ќе предизвика пад на темпартурите.