Судењето за „Сопот“ одложено за 20-ти декември
Сведокот пред судот приложи неважечка лична карта. Рочиштето е презакажано за 20-ти декември.

Судењето за случајот „Сопот“, кое требаше да продолжи со сослушување на сведокот Рамадан Бајрами е одложено, бидејќи судот не можеше да му го утврди идентитетот. Сведокот пред судот приложи неважечка лична карта. Рочиштето е презакажано за 20-ти декември.
Клучниот сведок, Бајрами, врз основа на чиј исказ се темелат претходните пресуди на минатото судско рочиште, прв пат и пред јавноста изјави дека исказот го дал под притисок.
Предметот „Сопот“, е отворен во 2003-та година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на нато нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам.
Се товарат дека во 2003-та година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево- Сопот.
