Доминираат работноспособните мажи меѓу мигрантите кои гравитираат кон запад
Во последно време доминираат работноспособните мажи меѓу мигрантите кои гравитираат кон запад. Тешко се влегува и во трагата на криумчарите на луѓе- оценуваат од УНХЦР, каде што исто така нагласуваат дека се подобрени условите за сместување во Гевгелија и во Куманово...

Зголемениот број на бегалци во Грција и на островите е аларм за нова можна мигрантска криза на Балканската рута, на која прва на удар е Македонија. Сепак, според претставникот на УНХЦР, Сигурдсон, земјава е далеку поподготвена за новиот предизвик, за разлика од пред две години. Загрижува недостигот од демографска разноликост меѓу мигрантите. Забележано е дека во моментов е доминантна машката работно- способна популација.
„Досега, годинава имавме 130 луѓе кои поднеле барање за азил, но повеќето исчезнуваат пред барањето да се процесуира, што укажува на фактот дека планот не им бил да останат во државата“, вели Даг Сигурдсон, УНЦХР.
Во текот на мигрантската криза, азил имаат добиено пет лица. Следниот предизвик е трговијата со луѓе, тешко им се влегува во трага на на криумчарите, оценува директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.
Во моментов во привремените кампови во Гевгелија и во Табановце се сместени 30 мигранти од Блискиот Исток, Сирија и од Авганистан. Хелсиншкиот комитет и УНЦХР оценуваат и дека условите во камповите се далеку подобрени од пред две години и повикаа на целосна кординација меѓу институциите, како и на спречување на дискриминацијата и ксенофобијата.
Марина Стојанова- Тонева
