Два часа пауза за да се нумерира листата со докази за случајот „Труст“
На денешното рочиште, откако ќе бидат изведени писмените докази, пред судот ќе треба да сведочи управителот на „Силекс неметали“.

Два часа пауза даде судијката по барање на адвокатите на одбраната бидејќи тврдеа дека ги немаат нумерираните листи на докази што треба да бидат изведени пред судот. Тоа се писмените докази наведени од Специјалното јавно обвинителство.
На денешното рочиште, откако ќе бидат изведени писмените докази, пред судот ќе треба да сведочи управителот на „Силекс неметали“.
Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.
Според СЈО, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ од приближно 1.060.000.000 денари, односно 17 милиони евра.
