Судскиот совет избра судии во повеќе судови во земјава
Поплнување на судии во Врховниот, апелациските и во основните судови во земјава. Доколку се утврдат злоупотреби на системот за распределба на предметите кај судиите соодветно ќе се реагира- најави првиот човек на Судскиот совет...

Судскиот совет за Врховниот суд избра само кривичар судија од немнозинските заедници. Африм Фидани ја доби довербата на Советот, што не беше случај со кандидатите од мнозинската листа. Скопска Апелација доби двајца судии од граѓанската материја, Зоран Герасимски од тетовксиот суд и Мелек Алија Елези од скопскиот Граѓански суд. За судија кривичар во Апелација- Скопје, Советот ја избра судијката Тања Милева од Велешкиот суд. Александар Камбовски беше избран во битолска Апелација.
На седницата, Наќе Ѓеорѓиев беше избран за претседател на штипска Апелација. Кумановскиот суд ќе го раководи Снежана Манев. На чело на тетовскиот Основен суд ќе застане Хасан Асани, а во Ресен- Емел Кранли Али. По седницата претседсателот на Судскиот совет, Караџовски, одговорајќи на новинарски прашања рече дека доколку се докажат злоупотреби на АКМИС системот, соодветно ќе се реагира.
Караџовски очекува Советот да постапува по шест предмети што Советот за утврдување факти би ги доставил до нив. За него не претставува проблем да бидат процесуирани предметите од Советот за факти, доколку тој биде укинат.
Фиљана Кока
