Метео: Утре сончево, максимална температура до 18 степени

23.11.2017 14:36

Дневната температура ќе остане релативно висока, во Скопје до 12, а максималната до 18 степени.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и тивко време со умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла особено претпладне.

Дневната температура ќе остане релативно висока, во Скопје до 12, а максималната до 18 степени.

Периодот на стабилно време без врнежи продолжува до недела попладне кога се очекува наоблачување со врнежи од дожд особено во западните делови од земјата.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска