Меѓувладина седница на Македонија и Бугарија, потпишани повеќе договори за соработка
Македонија и Бугарија ќе ја намалуваат цената на роамингот, ќе разменуваат геодетски и картографски податоци. Уставите на двете држави се секуларни, црквите меѓусебе ќе го решаваат прашањето на признавањето- ова е дел од договореното на заедничката седница на Владите на Македонија и Бугарија во Струмица...

Деветте договори кои што ги потпишаа претставниците на македонската и владата на Бугарија, се уште една потврда за унапредување на Договорот за добрососедство. Премиертите на двете држави се согласија да ја интензивираат соработката во полето на дипломатијата, одбраната, енергетиката, инфраструктурата. Како што истакна премиерот Борисов, Бугарија ја поддржува заложбата на нашата земја за членство во ЕУ. Наскоро ќе испрати и експерти во Македонија, за да ги споделат искуствата. Исто така се очекува и најдоцна за шест месеци, корисниците на мобилни телефони да плаќаат пониски цени во роаминг.
„Како што гледате, нашата политика да се присоединуваат во сферата на инфраструктурата, комуникациите, енергетиката, затоа што тоа носи инвестиции, носи до повисоки приходи. Луѓето сакаат да можат да патуваат, да прават бизнис, ние сме должни тоа да им го овозможиме“, рече премиерот Борисов.
Изутрината двајцата премиери имаа средба во Водочкиот манастир, каде како подарок од Владиката Наум добија медал, зради добрата сорботка што ја остваруваат на ниво на нивните Влади. Инаку, двајцата премиери заклучија дека нема да се мешаат во црковните прашања.
„Како Влади и како политичари го почитуваме секуларниот карактер и не сакаме воопшто да се мешаме во работата и соработката на двете цркви, но можеме секогаш да охрабруваме да го следат духот на Договорот за добрососедството и пријателството, верувајќи дека таа соработка ќе биде се позначајна, а се надевам, лично јас дека ќе дојде до меѓусебно признавање, бидејќи за нас како МПЦ-ОА афтокефалноста е многу важна“, нагласи премиерот Заев.
По денешната прва владина седница, двајцата премиери заклучија дека нивните агенди се ориентирани кон иднината и дека историските прашања ќе им бидат препуштени на историчарите. Фокусот на сорботката во идните месеци ќе биде насочен кон Коридорот 8, за што е најавена срдба на балканските лидери со претставниците на банките, со цел да се обезбеди загарантирано финансирање на изградбата на коридорот со кој Јадранскиот брег ќе биде поврзан со Црно Море.
Анита Димитријевска, специјален известувач од Струмица за МРТ
