ВМРО-ДПМНЕ: Нема пари за социјална помош

23.11.2017 15:16

Со енормен буџет од 3,5 милијарди евра, нема средства за покачување на социјалната помош, велат во ВМРО-ДПМНЕ и дополнуваат дека за патните и дневните расходи наредната година ќе се издвојат 5,2 милиони евра.

СДС вети и излажа за социјалната помош за социјално загрозените од 200 евра. Со енормен буџет од 3,5 милијарди евра, нема средства за покачување на социјалната помош, велат во ВМРО-ДПМНЕ и дополнуваат дека за патните и дневните расходи наредната година ќе се издвојат 5,2 милиони евра.

Ветувањето за социјална помош од 12.000 денари е чиста предизборна манипулација на СДС. Помина цела една година откако Зоран Заев им вети и ги изманипулира граѓаните дека сите семејства кои немаат никакви приходи ќе добијат социјална помош од 12.000 денари, изајви Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев дополнително ветуваше дека сите семејства кои имаат некаков приход, државата ќе им надополни до 12.000 денари. За сега цела една година подоцна граѓаните да воочат дека Зоран Заев ги изманипулирал- велат од опозициската партија.