Зимбабве
Мугабе и неговата сопруга ќе добијат имунитет
23.11.2017 15:56
Претставникот на владејачката партија ЗАНУ-ПФ соопшти дека Мугабе сѐ уште е почитуван херој во земјата кој дал огромен придонес за развивањето на Зимбабве ...

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс можат да останат во земјата и ќе добијат имунитет, со што ќе бидат заштитени од судска постапка и ќе им биде обезбедена безбедноста во нивниот дом, согласно договорот за заминување од функцијата.
Претставникот на владејачката партија ЗАНУ-ПФ соопшти дека Мугабе сѐ уште е почитуван херој во земјата кој дал огромен придонес за развивањето на Зимбабве во изминатите 37 години, и дека народот нема ништо против Мугабе или против неговата сопруга и сака тие да останат во земјата доколку сакаат.
