Кривичен суд

Пресуда за Томислав Лазаров за случајот „Насилство во Центар“

24.11.2017 10:24

На минатото судење тој ја призна вината. Рече дека немал никакви притисоци ниту од Sпецијалното јавно обвинителство, ниту од полицијата и дека не бил уценуван.

Во Кривичниот суд треба да биде објавена пресудата за четвртообвинетиот Томислав Лазаров во предметот насилство во Центар, како претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На минатото судење тој ја призна вината. Рече дека немал никакви притисоци ниту од Sпецијалното јавно обвинителство, ниту од полицијата и дека не бил уценуван.

Според обвинението, Лазаров заедно со други лица поттикнал и организирал дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ на протест, со наводен мотив дека ќе се протестира поради уривањето на црквата Свети Константин и Елена.

Обвинетите- екс премиерот Груевски, поранешниот министер Јанакиески и пратеничката Рангелова се изјаснија дека не се виновни за делото што им се става на товар.

Продолжението на рочиштето е на 29-ти ноември.