Вељаноски: Не се почитуваат Уставот и Деловникот
Трајко Вељаноски со отворено писмо до народните избраници, граѓаните, меѓународниот фактор. Тврди дека непрестано се кршат и не се почитуваат Уставот и Селовникот на Законодавниот дом, а ова како што вели, станало пракса по одржаната седница за избор на Талат Џафери на функцијата...

Актуелниот пратеник и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски со отворено писмо до народните избраници, граѓаните, меѓународниот фактор. Тврди дека непрестано се кршат и не се почитуваат Уставот и Селовникот на Законодавниот дом, а ова како што вели, станало пракса по одржаната седница за избор на Талат Џафери на функцијата.
Вељаноски смета дека се злоупотребува членот 68 став 2 и сите собраниски седници се прикажуваат како итни, вели оти е направен преседан при свикувањето и реализацијата на седницата за пратенички прашања, бидејќи на ист ден се свикани уште две пленарни седници и седници на други работни тела, се даваат произволни и неделовнички рокови за амандманска интервенција, не се почитуваат одредбите од Деловникот за постапката за интерпелација, закони се заглавени во прво читање, оставки се констатираат на седница со неутврден дневен ред и на истата се верификуваат нови мандати, со спорна предлог- одлука се настојува да се изберат заменици генерални секретари на Собранието, се злоупотрбува европското знаменци за Предлог- законот за употреба на јазиците, а претседателот на Комисијата за европски прашања, Груби се однесува самоволно.
Вељаноски во отвореното писмо прашува: Ако ние како пратеници не почитуваме законски норми, Деловник и Устав, со кој легитимитет ги носиме законите и очекуваме граѓаните да ги спроведуваат и почитуваат?
