ВМРО-ДПМНЕ: СДС го клекнува на колена судскиот систем

24.11.2017 11:37

Новоизбраните судии кои ги избра владата на Заев, имаат помали оценки и помал стаж. Тоа е така бидејќи зад нив стои партијата на власт, стои во дописот на опозициската партија...

Вршејќи брутален притисок и невидена партизација, СДС го клекнува на колена судскиот систем, тврат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Судскиот совет отворено и под политички диктат го прекрши Законот за избор на судии.

Новоизбраните судии кои ги избра владата на Заев, имаат помали оценки и помал стаж. Тоа е така бидејќи зад нив стои партијата на власт, стои во дописот.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да реагира, и да го испита работењето на дел од членовите на Судскиот совет. Од опозициската партија потенцираат дека со одлуката се нарушени и барањата за реформи и препораките на Прибе.

Упатен апел за реакција од Европската комисија и сите релевантни субјекти на меѓународната заедница.