Судскиот совет треба да донесе одлука за разрешување на петмина судии

24.11.2017 12:36

За нив имало претставки за несовесно постапување и носење судски одлуки. Од Советот не го соопштуваат нивниот идентитет, ниту пак во кои судови работат.

Судскиот совет ја продолжува вчерашната седница зад затворени врати, на која треба да биде донесена одлука за разрешување на петмина судии.

За нив имало претставки за несовесно постапување и носење судски одлуки. Од Советот не го соопштуваат нивниот идентитет, ниту пак во кои судови работат.

На маратонската седница, Судскиот совет избра нови судии во Врховен и во скопска Апелација. Но, местата останаа празни на битни позиции. Првиот човек на Советот Караџовски изјави- ако има злоупотреба на АКМИС системот, ќе реагираме.