Високо загадување на воздухот во повеќе градови
24.11.2017 12:42
Мерните станици измериле висока застапеност на ПМ-10 честичките во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба, Битола, Кичево, Тетово, Велес и во Кавадарци.

Утрината е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во државава. Мерните станици измериле висока застапеност на ПМ-10 честичките во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба, Битола, Кичево, Тетово, Велес и во Кавадарци.
Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, и од согорувањето на земјоделскиот отпад.
