Цврсти заложби за поголема вклученост на Ромите во општеството
Намалување на сиромаштијата и вклучување на Ромите во образованието, вработувањето, домувањето, здравството. Ова е дел од стратегијата за 2014- 2020. Владата има цврсти заложби да се направат темелни реформи. Според надлежните, постои воља и поддршка од институциите за решавање на ова прашање...

Домување, здравствена заштита, добивање документи, регионален развој на подрачјата каде што живеат Роми- дел од прашањата на невладините до премиерот Заев. Целта е нивна поголема вклученост во општеството.
Премиерот одговори - првпат се обезбедени дополнителни средства во Министерството за транспорт и врски за решавање на проблемот со домувањето. Ќе почнат непречено да ги користат и здравствените услуги, во Фондот за здравствено осигурување има повеќе пари од претходните години, планирано е во 2018 година да се понуди бесплатно болничко лекување за најранливите категории граѓани. За најкусо време ќе се реши проблемот на лицата без документи- вети Заев.
Невладините бараат поголема вклучност во одлучувањето. 1,6 % од Ромите во земјава се вработени во администрацијата, 15-ина луѓе се на раководни позиции.
Министерот без ресор вети целосно спроведување на Стратегијата за Ромите 2014- 2020. Според надлежните, тие се подготвени да направат темелни реформи за да се зголеми нивото на имплементација на стратегијата како и на националните акциски планови.
Наташа Јанчиќ
