Први пратенички прашања за новата Влада

24.11.2017 13:05

Премиерот Заев и министрите одговараат на народните избраници. По изборот на новата Влада, прва седница за пратенички прашања...

Речиси шест месеци по изборот на новата Влада, премиерот Заев и министрите во Собранието одговараат на прашања на пратениците. Во фокусот Законот за употреба на јазиците.

Пратеничките прашања требаше да се одржат во септември, односно по 100 дена од формирањето на Владата, но беа одложени поради кампањата за локалните избори.

На седницата задолжително присуствуваат претседателот и членовите на Владата и други носители на јавни функции за кои е најавено дека ќе им се постави прашање.