Условна казна за Лазаров за „Насилство во Центар“
24.11.2017 12:48
Специјалното јавно обвинителство нема да поднесе жалба на пресудата...

Четвртообвинетиот Томислав Лазаров во предметот „Насилство во Центар“, доби условна казна шест месеци, ако за две години не стори кривично дело. По пресудата изјави дека нема да се жали и се кае за тоа што го сторил.
И Специјалното јавно обвинителство нема да поднесе жалба на пресудата. Обвинетите екс- премиерот Груевски, поранешниот министер Јанакиески и пратеничката Рангелова се изјаснија дека не се виновни за делото што им се става на товар.
Продолжението на рочиштето е на 29-ти ноември.
