Расте бројот на заболени од грип
24.11.2017 13:15
Најмногу заболени има во Гостивар. Во сезоната 2017- 2018, вкупниот број заболени од грип е 367. Најголем број заболени се пријавени на воздраст од 15 до 64 години.

Расте бројот на заболени од грип- минатата недела се регистрирани 67 нови случаи, што е зголемување во споредба со претходната седмица кога биле регистрирани 47 заболени лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Најмногу заболени има во Гостивар. Во сезоната 2017- 2018, вкупниот број заболени од грип е 367. Најголем број заболени се пријавени на воздраст од 15 до 64 години.
Досега се вакцинирани 27.990 лица и се искористени 99,9 насто од набавените вакцини, велат од Институтот за јавно здравје.
