Аерозагадување: Сѐ поголем број граѓани имаат проблеми со дишењето
Поради ПМ-10 честичките сѐ потешко се дише. Секојдневно по 20-тина пациенти се јавуваат на пулмолог. Лекарите препорачуваат да повозрасните лица и децата да не престојуваат на отворено...

Аерозагадувањето ги преполни клиниките, на удар пациентите со белодробни заболувања. Штетните ПМ 10 честички ја нарушуваат здрвствената состојба и на срцевоболните, страдаат луѓето и со други хронични заболувања. Граѓаните велат, сѐ потешко се дише.
Со приоритетен упат, секој ден по 20-тина пациенти кои имаат проблеми со дишењето поради загадувањето доаѓаат во амбулантата на пулмологија. Доктор Докиќ предупредува дека загадувањето влијае и на здравите луѓе.
Лекарите велат, кога загадувањето е неколку пати над дозволените граници, најранливата популација да избегнува престој на отворено.
Загадувањето е премногу штетно по здравјето на луѓето, затоа е неопходно колку што е можно да се престојува надвор од градските средини, на чист воздух- советуваат лекарите. Според нив, ова им недостига на белите дробови.
Андријана Атанасовска
