ВМРО-ДПМНЕ: Нема пари за бесплатно болничко лекување за граѓаните
24.11.2017 15:14
Ставката за партиципација на осигурани лица во буџетот за здравство е зголемена за само 5 милиони денари во однос на лани, стои во дописот.

Пари за бесплатно болничко лекување во буџетот нема. Зоран Заев прво ветуваше бесплатно лекување за сите, а сега лаже дека ќе имало за одделни категории, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ставката за партиципација на осигурани лица во буџетот за здравство е зголемена за само 5 милиони денари во однос на лани, стои во дописот.
Според партијата, бесплатно болничко лекување за македонските граѓани за 2018-та година, како што ветуваше СДС пред изборите, нема да има.
