Врховен суд: Случајот „Монструм“ се враќа на почеток
24.11.2017 15:49
Жалбите на одбраната се уважени, првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот се враќа во Кривичниот суд на повторно одлучување.

Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во 2012-та година се враќа на почеток. Ваква одлука донесе Врховниот суд на земјава. Оттаму информираа дека жалбите на одбраната се уважени, првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот се враќа во Кривичниот суд на повторно одлучување.
Претходно, обвинителката Лилјана Спасовска побара постапката да се врати од почеток поради пропусти во истрагата, поврзани со вештачењето и со прислушуваните материјали кои ги има СЈО.
Во овој случај, шестмина беа осудени на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам.
