Собрание

Први пратенички прашања за кабинетот на Заев

24.11.2017 16:03

Во Собранието седница за пратенички прашања, прва од изборот на новата Влада. Премиерот и министрите реферираа пред народните избраници. Во фокусот- Законот за употреба на јазиците, опозицијата обвини оти предлогот е за одржување на владината коалиција. Премиерот Заев тврди- еднаквите права на граѓаните се европска вредност.

Законот за јазици, меѓуетничките односи, економијата. Пратениците прашуваа, членовите на владата одговараа во Собранието. Илија Димовски сакаше да слушне од премиерот Заев за европското знаме на Законот за јазиците, за кој рече дека е политичка калкулација и не ги опфаќа останатите заедници во државата.

Африм Гаши од БЕСА не гледа во буџетот средства преку кои ќе се развиваат средините со мнозинство албанско етничко потекло.

Подеднакво ќе ги субвенционираме и странските и домашните фирми, но само ако во претходната година покажале позитивно Салдо, одговори вицепремиерот Кочо Аѓушев на пратеничкото прашање за пристапот во економијата и постигнување на видливи резултати.

Прмиерот не чувствува одговорност што Едмонт Темелко е во притвор, но рече дека лично смета оти судот треба да ја има предвид неговата здравствена состојба.

Миле Ристески