Судство
Боговески не чувстува потреба да им се извини на Ахмети и Џафери
24.11.2017 16:20
Ахмети и Џафери од него бараат отштета од 5,5 милиони денари, но и двајцата не се појавија на денешното рочиште.

Поранешниот разузнавач, Слободан Боговески не чувстува потреба да им се извини на Али Ахмети и Муса Џафери, кои го тужат за клевета. Тој смета оти тужбата е апсурдна, бидејќи никаде не зборувал за случајот „Маѓар Телеком“, освен во Комисијата за заштита и во судот во Њујорк.
Ахмети и Џафери од него бараат отштета од 5,5 милиони денари, но и двајцата не се појавија на денешното рочиште.
Поранешните директори на „Маѓар Телеком“, Елек Штрауб и Андраш Балог кои беа обвинети во САД дека поткупувале македонски политичари, признаа вина и се спогодија да платат парични казни.
