Тренинг за Русија
„Зборнаја“ не можеше да пробие во првата третина, но откако Радулов погоди во 25-тата минута, домаќинот до крајот броеше до 4-0...

Руските хокејари тренираа против Норвешка во плеј-офот. „Зборнаја“ не можеше да пробие во првата третина, но откако Радулов погоди во 25-тата минута, домаќинот до крајот броеше до 4-0.
Без оглед што голманот Хауген одбрани 27 удари, Норвежаните не можеа да го издржат високото темпо и објективно повисокиот квалитет на Русите. Ковалчук во 38-та минута погоди за 2-0, а во завршните моменти двојниот стрелец Радулов го искористи амбициозниот потег на противникот кој се обиде со екстра напаѓач да намали и да ја врати тензијата.
Во последните две минути пред сирената дебитантскиот олимписки погодок во кариерата го постигна Терешенко. Норвежаните беа спаринг, но Финците во утрешното четвртфинале ќе бидат вистински предизвик за првиот фаворит за златниот медал во Сочи.
