Димитров на средби во Вашингтон
27.11.2017 10:33
Шефот на дипломатијата Димитров во Вашингтон, денеска и утре ќе има средби и со претставници на американската администрација...

„Претстојната бура е на Балканот“- за ова ќе се разговара на конференцијата за балканската иднина во ера на несигурност, на која на 29-ти ноември во Вашингтон ќе учествува и министерот за надворешни, Никола Димитров.
На форумот организиран од американскиот Атлантски совет ќе се разменат мислења за забрзаниот пат на балканските земји кон членството во атлатската заедница.
Димитров во Вашингтон, денеска и утре ќе има средби и со претставници на американската администрација во Стејт Департментот, во Конгресот и со нашинците во Америка.
