Кривичен треба да реши дали осудените во „Монструм“ ќе се бранат од слобода

27.11.2017 11:02

Минатиот петок, Врховниот суд го врати на повторно судење случајот во кој беа убиени пет тинејџери и едно повозрасно лице во близината на Смилковското Езеро...

Од денеска Кривичниот суд во Скопје ќе треба да реши дали осудените на доживотен затвор во случајот „Монструм“ ќе се бранат од слобода.

Минатиот петок, Врховниот суд го врати на повторно судење случајот во кој беа убиени пет тинејџери и едно повозрасно лице во близината на Смилковското Езеро, за што беа осудени шест лица од кои две се во бегство во Косово.

Барањето беше поддржано од Обвинителството поради, како што беше претходно наведено, изнесување нови докази за сторениот деликт.