Бали: Предупредување поради вулкан
27.11.2017 11:22
Издадена е наредба за евакуација на населението во радиус од 10 километри. Затворен е и Меѓунардниот аеродром.

Индонезиските власти прогласија максимален степен на тревога поради активностите на вулканот Агунг на островот Бали. Издадена е наредба за евакуација на населението во радиус од 10 километри. Затворен е и Меѓунардниот аеродром.
„Нервозен сум зашто пред 15 минути проверив на интернет и видов дека се си тече регуларно. Сега овде сум заглавен, се е затворено. Информациите доцнат многу.“
Индонезија е дел од Пацифичкиот огнен прстен и има над 120 активни вулкани.
