Османи: Неопходен национален консензус

27.11.2017 12:58

„Најпрвин да утврдиме што ќе понуди медијаторот Нимиц во Брисел наредниот месец, а потоа да се разговара за предлогот за кој треба да се постигне национално единство“- изјави денеска вицепремиерот за евроинтеграции Османи. Македонија се надева дека во февруарската стратегија на Јункер ќе биде нагласена потребата за членство во Унијата до 2025 година.

Неопходните закони за реформи во правосудството, безбедносните служби и јавната администрација ќе бидат донесени навреме, до крајот на годината, за да очекуваме позитивен извештај на Европската комисија во јануари, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

За да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни идната година, ќе продолжат разговорите за разликата за името со Грција под медијаторство на Метју Нимиц.

Првиот човек за евроинтеграција, Османи ги брифираше невладините организации за планот реформи што треба да се направат во наредните шест недели, а тоа ќе го стори и со амбасадорите од земјите- членки на Унијата.

 

Ирина Гелевска