Македонија - домаќин на состанокот на министри за одбрана на САД- Јадранска повелба

27.11.2017 13:02

На состанокот ќе учествуваат претстаници од САД, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, земјите набљудувачи- Словенија, Косово и Србија и земјата домаќин Македонија.

Македонија ќе биде домаќин на состанокот на министри за одбрана на САД- Јадранската повелба, што на први декември ќе се одржи во Охрид.

„Интеграцијата е целта, соработката е начинот“ е тема на овој мини- самит, на кој ќе се разговара за регионалните одбранбени проекти, за мировните мисии и за безбедносната состојба на Балканот.

На состанокот ќе учествуваат претстаници од САД, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, земјите набљудувачи- Словенија, Косово и Србија и земјата домаќин Македонија.

Се очекува секоја држава да ги соопшти реформските достигнувања. Македонија го почнува 18-от циклус  на акциониот план за влез во НАТО. Нашата држава во 2018-та за 20 насто ќе го зголеми учеството во мировната мисија во Авганистан.

На состанокот ќе говори и премиерот Зоран Заев.