Напролет македонско-бугарски бизнис експо во Штип
Со модернизацијата на патниот правец Крива Паланка -Ќустендил се предвидува изградба на сообраќајно-царински термина , кој ќе го олесни увозот и извозот, а ќе се формира конзорциум од компании од пограничниот регион со цел создавање заеднички извозни продукти, со што би се намалиле непродуктивните трошоци за производство.

Ова е дел од проектот „Бизнис без граници“ што го реализира македонско-бугарската стопанска комора со цел подобра соработка помеѓу бизнисмените од Македонија и Бугарија и зголемување на пласманот на двете страни.
-„Комората сака да овозможи брза комуникација и намалување на инвестиционите , односно непродуктивни трошоци меѓу бизнис заедницата во двете држави.Ако имаме зголемено производство од иста гранка на двете страни и немаме пазар, тогаш залудно сме трошеле средства за поризводство .Сега нема да ги дуплираат трошоците, туку ќе размениме идеи и ќе ги искористиме сопствените капацитети“, изјави Зоре Темелковски претседател на Македнско-бугарската стопанска комора.
Во услови на светска рецесија мора да изградиме бизнис стратегија сметаат стопанствениците и додадават дека можноста за искористување свеж капитал преку европските фондови се одвива токму преку регионално поврзување.
-„Модерните патишта и модерната комуникација е одлика на модерниот бизнис. Преку овој проект ние сакаме да излеземе од балканските рамки и да трасираме нов пат по кој ќе одиме,а така сигурно ќе имаме и побрз економски развој“, додаде неговиот колега Кирил Пандев од Ќустендил.
Следната средба ќе биде напролет во Штип каде што ќе се организира биснис-експо каде бизнисмените од двете држави ќе ги претстават портфолијата на своите компании.
Габриела Димковиќ
