Подобар живот за лицата со посебни потреби
Рампи за лицата со телесен инвалидитет, асистенти за лицата со посебни потреби, толкувачи за лицата со оштетен слух, ова се проблемите кои надлежните се обврзаа дека ќе ги решат во периодот кој следува. Комисии и претставници од сите министерства заедно ќе решаваат за промената на законската регулатива за исполнување на насоките од конвенцијата, што ги регулира правата на лицата со посебни потреби.

Во собраниска процедура се корекциите на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои право на семејна пензија ќе добијат лицата со попреченост кои биле во активен работен однос, а немале право. Ова е една од мерките со кои треба да се подобри животот на лицата со попреченост, вели министерката Царовска.
Во активните мерки за вработување, наредната година се предвидува посебна програма за персонална асистенција, објасни Царовска. Од Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност се надеваат на побрза инпелементација на одредбите од Конвенцијата на ОН.
Заклучокот на меѓународната конференција е дека не само во Македонија туку и во регионот недостигаат помошници кои им се неопходни на учениците со посебни потреби. Проблем се и пристапноста за лицата со инвалидност, патеките за слепите лица, како и толкувачи на знаковен јазик.
Наташа Јанчиќ
