Груевски: Да запре политичкиот прогон, ова е заробена држава
Ова е последниот чин на пресметка на последниот слободно мислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата, против Тиранската платформа, против насилието на власта, против секој кој мисли македонски и се грижи за националните интереси, рече Груевски.

Заев и СДС брутално удрија кон сите тие што мислат и дејствуваат македоннски. Тоа е последниот чин на пресметка со слободно мислечкиот Македонец и оние што се одважија да кажат стоп за Тиранската платформа. Ова е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за приведувањето на 36-мината во денешната акција. Груевски бара безусловно запирање на сите овие процеси на, како што вели, политички прогон. Ова не е правда, законите и Уставот не важат, ова е заробена држава, рече Груевски.
Ова е последниот чин на пресметка на последниот слободно мислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата, против Тиранската платформа, против насилието на власта, против секој кој мисли македонски и се грижи за националните интереси, рече Груевски.
Тој нагласи денес не е тема што секоја втора вечер имаме убиство, насилие, грабежи, рекетари, тема се луѓето кои беа на страната на државата, а ова се прави за да се отвори пат за промена на име, идентитет, јазик, неуставна двојазичност, историја.
Во исто време во исти ден кога се разговара во Влада за законот за амнестија за над 1.000 затвореници сторители на тешки кривични дела, за тероризам се обвинуваат оперски пејач татко на три деца, актер, татко на три деца, режисер татко на две деца, доктор татко на три малолетни деца, архитекти и други. Нема ниту закони, нема ниту правила, како во дивиот запад се елиминира секој кој слободно размислува за државата, ова е елиминација на слободната мисла, ова е збришување и пресметка на сите кои ја сакаат оваа земја и додека трае сето ова се пуштаат убијците на децата кај Смилковското езеро и се пуштаат на слобода криминалци, потенцира Груевски.
