Вељаноски: Државата го покажа најлошото, недемократско лице
Единствениот грев е што тие биле на своите места во македонското Собрание на 27-ми април, но не направиле ништо спротивно на Законот, пишува во соопштението до јавноста Трајко Вељаноски...

Со приведувањето на двајца административни службеници, родители и сопрузи на малолетни деца, државата го покажа најлошото, недемократско лице.
Единствениот грев е што тие биле на своите места во македонското Собрание на 27-ми април, но не направиле ништо спротивно на Законот, пишува во соопштението до јавноста Трајко Вељаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Парламентот.
Ова не смее да се случува, и затоа, борбата за невините двајца млади родители кои биле неправедно втурнати во хиперполитизираната каша е борба за сите нас, оценува Вељаноски.
